Философија со деца / P4C with Тhomas Wartenberg
[scroll for EN]
Фил(м)ософија со деца сегментот, и целата Едукативна програма, се еден од најзначајните столбови на ФФФ. Токму затоа, покрај Средношколската видео лектира и Работилниците за млади организирани низ целата земја, веќе неколку години вложуваме во развојот на философијата со деца во Македонија, дисциплина којашто веќе широко се практикува во светски рамки под закрила и на УНЕСКО, а во нашиот фестивал, токму преку непосредноста на визуелниот јазик на филмот и пионерските обиди во негово поврзување со филозофијата и со најмладите низ оваа современа филозофска практика.
Оваа година, наш гостин беше проф. д-р Томас Вартенберг (Thomas Wartenberg) од САД, експерт од областа на филм-философијата и детската философија, познат и признат во светски рамки. За тие што сакаат да зачекорат во оваа магична област којашто ги поттикнува токму љубопитноста и зачуденоста кај децата, ги негува критичкото и креативното мислење уште од најрана возраст, дијалогот, разбирањето и толеранцијата, а со можност да ги развива и филмската писменост и образование во „ерата на сликите“, најискрено ви ги препорачуваме книгите на проф. Вартенберг излистани во неговата биографија, а доколку сте заинтересирани за работата на философија со деца преку филмот, погледнете ја оваа веб-страница со ресурси за средношколците: http://whatsthebigideaprogram.com
Во прилог, отвореното предавање на проф. Вартенберг од 12. издание на Фестивалот, па доколку ве заинтересира, ви ги прикачуваме тука и линковите од овие предавања од претходните години доколку ги имате пропуштено, со експерти од оваа област од Европа, и ве охрабруваме доколку сте наставници и би биле заинтересирани да ја практикувате философијата со деца во вашите класови и училишта, да „скокнете“ во оваа дисциплина преку сите овие работилници и ресурси на фестивалот, и да се обидеме заеднички да ја воведеме фил(м)ософијата со деца во Македонија 👩🦰👨🦰❤️
📍Дејвид М. Ларсон (David M. Larsson), “Rum for Undren” / Room for Wonder, Denmark, PFF 2018:
… како и ова прекрасно интервју на нашиот колега Љатиф Мустафа (Latif Mustafa) во PikëPamje истата година:
📍Јоана Хокен (Johanna Hawken), “Maison de la Philo“ Romainville / House of Philosophy in Romainville, France, PFF 2019:
ТОМАС Е. ВАРТЕНБЕРГ (САД) е професор емеритус по филозофија на колеџот Маунт Холиоки во САД. Неговите главни области на интерес се естетика, филозофија на филм и филозофија за деца. Негови позначајни публикации се „Големи идеи за мали деца: предавање филозофија преку детска литература“, „A Sneetch is a Sneetch и други филозофски откритија: наоѓање мудрост во литературата за деца“, „Размислување на екранот: Филмот како филозофија“ и, од неодамна, „Размислување преку приказни: деца, филозофија и сликовници“. Тој е добитник на наградата APA/PDC за извонредност и иновации во филозофските програми за 2011 година и ја доби Мерит наградата (Merritt Prize) за 2013 година за неговиот придонес во филозофијата на образованието. Има креирано веб-страници за предавање филозофија преку сликовници: www.teachingchildrenphilosophy.org, уметнички дела: Philosophy@The Virtual Art Museum и филмови: What’s the Big Idea?
The Philosophy with Children segment, and the entire Educational Programme, are one of the most important pillars of the Philosophical Film Festival. That is why, in addition to the High School Programme and the Youth Workshops organized throughout the country, for several years we have been investing in the development of philosophy with children in Macedonia – a discipline that is already widely practiced worldwide, also under the auspices of UNESCO, and at PFF, precisely through the immediacy of the film’s visual language and the pioneering attempts in combining it with the discpline of philosophy with children.
This year, our guest was Prof. Thomas Wartenberg (Thomas Wartenberg) from the USA, a renowned expert in the field of film philosophy and children’s philosophy. For those who want to step into this magical practice that encourages curiosity and wonder in children, nurtures critical and creative thinking from the earliest age, and promotes dialogue, understanding and tolerance, with the possibilities to also develop film literacy and education in the “era of images”, we recommend the books of Prof. Wartenberg listed below and, if you are interested in the work of philosophy with children through film, checking out this website and resource page: http://whatsthebigideaprogram.com
Here you can find the open lecture of prof. Wartenberg from the 12th edition of the Festival, so if you are interested, we also hereby attach the links of these lectures from previous years at PFF with experts in this field from Europe, and we encourage you, if you are teachers and would be interested in practicing philosophy with children in your classes and schools, to “jump” into this discipline through these workshops and resources at the festival, and try to jointly introduce philosophy with children in Macedonia 👩🦰👨🦰❤️
📍David M. Larsson, “Rum for Undren” / Room for Wonder, Denmark, PFF 2018 (in English):
https://www.youtube.com/watch?v=YPmA7rqle9A
📍Johanna Hawken, “Maison de la Philo“ Romainville / House of Philosophy in Romainville, France, PFF 2019 (in French, translation in Macedonian):
https://youtu.be/1yoOsjihhYE
THOMAS E. WARTENBERG (USA) is an Emeritus Professor of Philosophy at Mount Holyoke College in the United States. His main areas of interest are aesthetics, film philosophy and children’s philosophy. His more notable publications include Big Ideas for Young Children: Teaching Philosophy through Children’s Literature, A Sneetch is a Sneetch and Other Philosophical Discoveries: Finding Wisdom in Children’s Literature, Screen Thinking: Film as Philosophy, and more recently , “Thinking through stories: children, philosophy and picture books“. He is the recipient of the APA / PDC Award for Excellence and Innovation in Philosophy Programs for 2011 and the 2013 Merritt Prize for his contribution to the philosophy of education. He has created websites for teaching philosophy through picture books: www.teachingchildrenphilosophy.org, works of art: Philosophy@The Virtual Art Museum and films: What’s the Big Idea?