ФФФ на 50 ГОДИНИ МКЦ / PFF on 50 YEARS YCC (28/12)

ФФФ@МКЦ на прославата за 50 ГОДИНИ МКЦ, најголемиот културен и уметнички настан во 2022! Огромна благодарност до Младински Културен Центар за поканата и огромна благодарност до режисерите на филмовите коишто ќе го претстават ФФФ на 28-ми декември.

Повелете на една убаво издистелирана 58-минутна капка парфем од Филозофскиот филмски фестивал којашто ќе го претстави сето она зад што стоиме како фестивал. Дозволете си да ве понесеме на едночасовно атмсоферично и поетско патување низ планините на Непал, меѓу последните жители на висорамнините кои се запрашуваат дали треба да се остане или да се замине (КЛУКАЈДРВЦИТЕ ОД РОТА); низ една визуелно импресивната антрополошка поема која трага по човековата природа длабоко во митолoшкото, во разговор со андрогиното дете (КОГА АНДРОГИНОТО ДЕТЕ); потоа ќе ве понесеме на халуциногено патување во длабочините на манијакалниот ум во еден надреален, ретро-футуристичен амбиент (IN MEDIAS RUSH); за потоа заеднички да се нурнеме во импресивната минималистичка феноменологија на времето, свеста и себството на нашиот Milcho Manchevski, експериментално трансцендентално патување до нешто што ни е многу познато а тешко дофатливо, а кое ќе не одведе до оние ретки и безвремени мигови кога се чувствуваме целосно свои, целосно кај себе/при себе (КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО); со последната станица на ова колективно хипнотичко патување некаде покрај брегот во Португалија, лебдејќи над баналноста на говорот со две млади жени кои се во потрага по својот идентитет (ЛЕБДЕЊЕ).

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МКЦ! ❤

⏰15:00
📌Џебно кино МКЦ
🎉влез: бесплатен!


PFF@YCC on the celebration of 50 YEARS YCC (Youth Cultural Centre – Skopje), the biggest cultural event in Skopje to round up 2022! We are grateful for the invitation to the Youth Cultural Centre and warm thank you to all filmmakers which will present PFF woth their films on 28 December.

You are more then welcome to experience our distilled 58-minute perfume drop from the Philosophical Film Festival that will represent everything we stand for as a festival. Let us take you to a one-hour atmospheric and poetic journey through the mountains of Nepal, among the last inhabitants of the highlands who are wondering whether to stay or leave (THE WOODPECKERS OF ROTA); through a visually impressive anthropological poem that traces human nature deep into the mythological, in a conversation with the androgynous child (WHEN THE ANDROGYNOUS CHILD); then we will take you to a n hallucinogenic journey into the depths of the manic mind in a surreal, retro-futuristic setting (IN MEDIAS RUSH); to then dive together into the impressive minimalist phenomenology of time, consciousness and selfhood of the renowned Macedonian film director Milcho Manchevski, on an experimental transcendental journey to something we are very familiar with, but in the same time remains elusive and very difficult to grasp, leading us to those rare and timeless moments when we feel truly ourselves, truly at home (THE END OF TIME); with the last stop on this collective hypnotic journey along the coast in Portugal, floating above the banality of speech with two young women in search of their identity (FLOATING).

HAPPY BIRTHDAY YCC – SKOPJE! ❤

⏰15:00
📌Pocket Cinema YCC
🎉entrance: free!

 


🎈 КЛУКАЈДРВЦИТЕ ОД РОТА (The Woodpeckers of Rotha / Dadyaa, 2016), реж. Пуџа Гурунг и Бибхусан Баснет / Pooja Gurung & Bibhusan Basnet (NP/FR), 16’
Награда од жирито за Најдобар краткометражен филм – ФФФ 2018

Добитник на специјалната награда од жирито за кинематографија на филмскиот фестивал Санденс 2017 и номиниран за најдобар краток филм на Венецијанскиот филмски фестивал 2016, Клукајдрвците од Рота е импресивен визуелен портрет на последните жители во висорамнините на далечниот Непал и нивната дилема: да останат со своите спомени, или (и тие) да си заминат.

THE WOODPECKERS OF ROTHA (Dadyaa, 2016), dir. Pooja Gurung & Bibhusan Basnet (NP/FR), 16’ – Jury Award for Best Short Film – PFF2018

Winner of the Special Jury Award for Cinematography at the 2017 Sundance Film Festival and nominated for Best Short Film at the Venice Film Festival in 2016, The Woodpeckers of Rotha is an impressive visual portrait of the last residents in the plateaus of far-away Nepal and their dilemma: to stay with their memories, or to leave (like the others), and leave the memories behind.


🎈 КОГА АНДРОГИНОТО ДЕТЕ (When the Androgynous Child / Cuando el niño andrógino, 2019), реж. Мелина Пафунди / Melina Pafundi (DE/AR), 9’ – ФФФ 2020

Од длабочините на една егзистенцијална криза, се јавува гласот на андрогиното дете. Кога детето зборува од неговата или нејзината андрогиност – којашто ниту е вистина ниту пак е лага, ниту е машка, а ниту пак е женска, туку е сè одеднаш – ќе се врати на местата каде што некогаш припаѓало. Визуелно импресивна антрополошка поема која трага по човековата природа длабоко во митолoшкото, до примордијалното располовување на андрогинот и креирањето бинарни модели на однесување на исклучивост.

WHEN THE ANDROGYNOUS CHILD (Cuando el niño andrógino, 2019), dir. Melina Pafundi (DE/AR), 9’ – PFF 2020

From the depths of an existential crisis, there is the voice of the androgynous child rising. When the child speaks from his or her androgyny – which is neither truth nor appearance, neither male nor female, but all at once – they will return to the places where they have belonged. Visually impressive anthropological poem that searches for human nature deep in the mythological, to the primordial dismembering of the androgyne and the creation of binary models of an “either-or” behavior.


🎈 IN MEDIAS RUSH (2020), реж. Есбен Персон / Esben Persson (DK), 15′ – ФФФ 2021

Во надреален, ретро-футуристичен амбиент, еден млад човек го прославува својот роденден заедно со својата девојка. Динамиката на настаните прогресира во халуциногено патување во длабочините на манијакалниот ум, отсликувајќи ги двосмислените чувства и постојаниот конфликт помеѓу физичката и психолошката реалност на главниот лик.

Експериментален филмско-поетски есеј чија фокусна точка се табуизираните проблеми со менталното здравје, анксиозноста, психотичните нарушувања и биполарното растројство кај младите.

IN MEDIAS RUSH (2020), dir. Esben Persson (DK), 15′ – PFF 2021

In a surreal, retro-futuristic ambient, a young man celebrates his birthday with his girlfriend. The dynamic of the events progress in a hallucinogenic journey into the depths of the manic mind, depicting the ambiguous feelings and the constant conflict between the physical and the psychological reality of the main character.

An experimental cinematic journey with a poetic touch whose focal point is the taboos around mental health, anxiety, psychotic disorders, and bipolar disorder in young people.


🎈 КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО (The End of Time, 2017)
реж. Милчо Манчевски / Milcho Manchevski (US/CU), 5’ – ФФФ 2018’

Импресивна минималистичка феноменологија на времето, свеста и себството. Едно сончево кубанско попладне на улица во Сан Антонио де Лос Бањос кадрираниот мизансцен постепено се распаѓа, фрагментирајќи се во кристална сликовна структура со дисритмичко траење на целината, микро-сликовен архипелаг со нееднакво забавување на деловите. Потрагата по фиксна точка хипнотизира, малаксува и ги изместува нормалните услови на перцепцијата на времето.

КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО на Манчевски, добитник на престижната награда Елен на еден од најреномираните филмски фестивали за краток филм во Аспен, како и награда на чешкиот фестивал на документарен и експериментален филм Јихлава, е неверојатно привлечна филмска и уметничка разиграност, експериментално трансцендентално патување до нешто што ни е многу познато а тешко дофатливо, до оние ретки и безвремени мигови кога се чувствуваме целосно свои, целосно кај себе/при себе.

THE END OF TIME (Крајот на времето, 2017)
dir. Milcho Manchevski (US/CU), 5’ – PFF 2018

THE END OF TIME is an impressive minimalist phenomenology of time, consciousness and selfhood. Subtle art stratification of the awareness of the duration of a multitude of timelines within a film frame and the distillation of a pure emotion. A sunny Cuban afternoon on a street in San Antonio de los Baños, the fictitious mise-en-scène gradually breaks down, fragmenting into a crystalline pictorial structure with a disrhythmic duration of the whole, a micro-image archipelago with unequal deceleration of the parts. The quest for a fixed point hypnotizes and displaces the normal conditions of the perception of time.

THE END OF TIME, a winner of the prestigious Ellen Award at one of the most renowned short film festivals in Aspen, as well as the award at the Jihlava International Documentary Film Festival in Czech Republic, is incredibly attractive cinematic and artistic playfulness, an experimental transcendental journey to something we are very familiar with, but in the same time remains very difficult to grasp, to those rare and timeless moments when we feel truly ourselves, truly 𝑎𝑡 ℎ𝑜𝑚𝑒.


🎈 ЛЕБДЕЊЕ (Floating / Flutuar, 2018), реж. Артур Сера Араужо / Artur Serra Araújo (PT), 13’ – ФФФ 2019

Додека група пријатели игра карти на тераса со поглед на плажа, долу, крај океанот, две млади жени пловат над баналноста на говорот и апсурдноста на нивните акции. Филм кој одбива да подвлекува јасни аналогии меѓу своите приказни и кој одбива да суди.

FLOATING (Flutuar, 2018), dir. Artur Serra Araújo (PT), 13’ – PFF 2019

As a group of friends plays cards on a balcony overlooking the beach by the ocean, two young women float over the banality of speech and the absurdity of their actions. A film that rejects making clear analogies in its stories and doesn’t pass judgement.

👉 целосната музичка, филмска и ликовна програма на 50 ГОДИНИ МКЦ / the complete musical, film and arts programme of 50 YEARS YCC:

https://mkc.mk/event/50-godini-mkc/
#film #festivals #mkc #skopje #celebration #50godiniMKC

Related Post