Прогласување на добитниците на „Златен був“ и „Заливот Слек“ за крај на 9. ФФФ
Денес, со прогласувањето на добитниците на наградите „Златен був“ свечено ќе биде спуштена завесата на 9. Филозофски Филмски Фестивал. Фестивалот доделува „Златен був“ од публиката и стручните жирија во конкуренција на долгометражни и краткометражни филмови. Во селекцијата за долгометражни филмови жирито во состав: Милчо Манчевски, Дејвид Сорфа и Бошко Караџов ќе го прогласи победникот помеѓу грузискиот НАМЕ на Заза Калваши, литванско/латвиско/хрватската копродукција ДИШЕЊЕ ВО МЕРМЕР на Гиедре Беинориуте, австрискиот ГРАДИНА на Питер Шрајнер, бугарскиот омнибус…
Read More










