ФФФ пролетни онлајн миграции (21-31 мај)

#ideisvetovi Кој е првиот филм на кој ти текнува сега, а кој буквално ти го променил светот? 🙃

ИДЕИ. СВЕТОВИ, ова е максимата на годинешното 10. и роденденско издание на Филозофскиот Филмски Феситвал и неговата солидарна културна акција ФФФ ПРОЛЕТНИ ОНЛАЈН МИГРАЦИИ од 21-31 мај.

Во еден „храбар нов свет“, потребни се и креативни и алтернативни модели за одвивање на културата. ФФФ ПРОЛЕТНИТЕ ОНЛАЈН МИГРАЦИИ во соработка со нашите стари пријатели Кинотека на Северна Македонија и нашите нови пријатели Cinesquare, со поддршка на Град Скопје, се токму нашиот одговор и мал бунт во ова време-невреме. Доколку публиката не може да дојде на фестивалот, тогаш фестивалот ќе дојде кај публиката! 🙂 Затоа ви подготвивме нешто поинакво оваа пролет, со надеж дека подоцна наесен ќе можеме да го оствариме и останатиот дел од годинешното хибрид издание и да го споделиме со вас.

Наскоро ќе споделиме повеќе информации и за тоа како можеш да ја подржиш оваа солидарна културна акција преку која, со оглед на ковид кризата, сакаме да го донесеме фестивалот до што поголем број луѓе бесплатно оваа година, но и да овозможиме помош и поддршка на нашите режисери да продолжат да творат и да ни отвораат нови хоризонти на и преку големото платно.

Stay tuned in околу претстојната crowdfunding акција и подготви се за #pffhomecinema🎬

 

Related Post