Ретроспектива Андреј Тарковски
Отворање – 29 мај (со студентските филмови на Тарковски во рамките на Главната програма) и 10-20 јуни во Кинотеката (Скопје) и МСУ Державин (Свети Николе).
Програма организирана во соработка со Амбасадата на Руска федерација во Скопје, Кинотеката на С. Македонија, МСУ Державин, Амбасадата на Шведска и Италијанската амбасада во Скопје. Проекциите од Ретроспективата во Кинотеката се бесплатни.
СТУДЕНТСКИ ФИЛМОВИ (Главна програма)
Проекции:
29 мај (сабота) – 21.00, Летно кино „Мирно лето“ (Кинотека)
31 мај (понеделник) – 18.00, Кинотекa
11 јуни (петок) – 16.30, „Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе

УБИЈЦИТЕ / THE KILLERS / УБИЙЦЫ (1956, USSR, 19’)

THERE WILL BE NO LEAVE TODAY / СЕГОДНЯ УВОЛЬНЕНИЯ НЕ БУДЕТ (1959, USSR, 47’)

ПАРНОТО ТРКАЛО И ВИОЛИНАТА /
THE STEAMROLLER AND THE VIOLIN / КАТОК И СКРИПКА (1960, USSR, 46’)
-
УБИЈЦИТЕ / THE KILLERS / УБИЙЦЫ (1956, USSR, 19’)
Двајца мажи прават опсада на едeн бар, во потрагата по трет човек кој мора да го убијат. Десет години по култниот УБИЈЦИТЕ на Роберт Сиодмак (Robert Siodmak) во 1946, Андреј Тарковски како студент по режија на престижната ВГИК во Москва им предлага на своите соученици Марика Беику (Marika Beiku) и Александар Гордон (Aleksandr Gordon) да направат адаптaција на истоимениот класик на Ернест Хемингвeј од 1927 година. Собраните дела на Хемингвеј за првпат излегуваат во СССР и ВГИК првпат одобрува адаптација на странско дело. Тој и Беику ќе ги режираат првата и третата сцена од филмот, а младиот Тарковски се појавува и во епизодна улога потсвирнувајќи го џез класикот ‘Lullaby of Birdland’. -
THERE WILL BE NO LEAVE TODAY / СЕГОДНЯ УВОЛЬНЕНИЯ НЕ БУДЕТ (1959, USSR, 47’)
НЕМА ДА ИМА ОТПУШТАЊЕ ДЕНЕС е вториот филм на Андреј Тарковски од неговите студентски денови, трилер, повторно корежиран заедно со Александар Гордон, а базиран на вистински поствоен инцидент. Тарковски, како студент, барајќи го својот стил, а под влијание на многу американски и француски трилери, раскажува за група војници кои се обидуваат да пренесат сензитивна пратка со оружје во „експлозивна област“ со мини останати од Втората светска војна. Приказната е сместена во мал советски град од којшто жителите се евакуирани, а војниците влегуваат во опасна мисија да го спасат градот. -
ПАРНОТО ТРКАЛО И ВИОЛИНАТА /
THE STEAMROLLER AND THE VIOLIN / КАТОК И СКРИПКА (1960, USSR, 46’)Седумгодишниот Саша вежба на виолината секој ден за да ги задоволи амбициите на неговата мајка. Веќе повлечен како резултат на дневнaтa рутинa со музиката, нешто за што честопати е потсмеван од другите деца во маалото, Саша брзо ја враќа самодовербата кога случајно ќе се сретне со Сергеј и ќе се спријателат. Сергеј работи на парно тркало во нивниот раскошен московски кварт. Додека Сергеј му раскажува на Саша приказни и случки од војната, Саша му свири на виолина на новиот пријател... ПАРНОТО ТРКАЛО И ВИОЛИНАТА е во сценарио на Андреј Кончаловски и Андреј Тарковски, а директор на фотографија е Вадим Јусов (Vadim Yusov) кој исто така ќе работи со Тарковски на ИВАНОВОТО ДЕТСТВО и АНДРЕЈ РУБЉОВ. Филмот е дипломски филм на Тарковски на ВГИК, снимен во Мосфилм студиото, за којшто Тарковски добива највисока оценка.
РЕТРОСПЕКТИВА АНДРЕЈ ТАРКОВСКИ

ИВАНОВОТО ДЕТСТВО (Ivan’s Childhood /Ива́ново де́тство, 1962)

АНДРЕЈ РУБЉОВ (Andrei Rublev /Андрей Рублёв, 1966)

СОЛАРИС (Solaris /Солярис, 1972)

ОГЛЕДАЛО (Miror / Зеркало, 1975)

СТАЛКЕР (Stalker / Сталкер, 1979)

НОСТАЛГИЈА (Nostalghia, 1983)

ЖРТВОПРИНЕСУВАЊЕ (Sacrifice / Offret, 1986)
-
ИВАНОВОТО ДЕТСТВО (Ivan’s Childhood /Ива́ново де́тство, 1962)
10 јуни (четврток), 20:00 ч.
Летно кино „Мирно лето“
12 јуни (сабота), 17:30 ч.
„Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 95’
онлајн воведно излагање на проф. д-р Игор Евлампиев (Русија)
ИВАНОВОТО ДЕТСТВО е трагична приказна за изгубеното детство на дванаесетгодишниот сирак Иван, кој ќе се најде на источниот советски фронт за време на Втората светска војна. Иван шпионира и собира информации во корист на Советската армија. Навлегува длабоко во позадината на германските редови, го ризикува сопствениот живот, иако причината за тоа на возрасните и искусни војници не им е секогаш јасна. Се обидуваат да го сместат во интернат, подоцна и во воена школа, но малиот сирак инсистира да остане на фронтот и да се одмазди за смртта на своето семејство.
Иван е мал херој кој чекори со сигурност до своите цели, невидлив за никого, но присутен во мислите на своите повозрасни пријатели, тројцата офицери на Советската армија. Филмот е прв долгометражен филм на А. Тарковски и во 1962 година е добитник на наградата „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција. -
АНДРЕЈ РУБЉОВ (Andrei Rublev /Андрей Рублёв, 1966)
12 јуни (сабота), 20:00 ч.
Летно кино „Мирно лето“
13 јуни (недела), 15:00 ч.
„Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 183’
излагање на д-р Атанас Чупоски
AНДРЕЈ РУБЉОВ е биографско-историска драма заснована на животот на познатиот руски иконописец од 15 век. Во 15 век руските земји минуваат низ турбулентни времиња, растргнати од татарската инвазија и борбата за превласт помеѓу руските принцови (болјари). Во такво опкружување, Андреј Рубљов, монах и иконописец, се обидува да проникне во суштината на уметноста и на верата, ги разгледува можноста и потребата да твори во услови на репресија и неправда, размислува за улогата на индивидуалецот, заедницата и власта во создавањето на духовна и епска уметност…
Рубљов ја доживува несреќата да биде сведок на еден масакр од страна на Татарите врз недолжното население и врз свештенството, во крајна нужда е приморан и да убие, и тој пораз на човечкиот ум и дух ќе го доживее и како свој пораз. Ри решава да се самоосуди на молк и да престане да комуницира со луѓето. По долга изолација се враќа меѓу луѓето и ќе биде изненаден од талентот на младиот конструктор на џиновската камбана. Во тој период ја насликал својата позната икона „Света Троица”. AНДРЕЈ РУБЉОВ бил долго време забранет од советските власти кои жестоко го обвинувале Тарковски за идеолошка и естетичка субверзивност. Во 1969 г. ја освојува наградата FIPRESCI на филмскиот фестивал во Кан. -
СОЛАРИС (Solaris /Солярис, 1972)
13 јуни (недела), 20:00 ч.
Летно кино „Мирно лето“
15 јуни (вторник), 16:00 ч.
„Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 166’
излагање на проф. Кирил Трајчев
Мисијата Соларис е утврдена база на планетата која пречекува еден вид агенти, но деталите се многу мистични. Научниците се обидуваат да ја разберат тајната на загадочната планета Соларис, но набргу стануваат жртви на своите имагинации и скриени желби.
Психологот Крис Келвин (Донатас Банионис) е испратен во вселенската станица по мистериозното исчезнување на еден од трите научници во базата. Келвин има задача да ја испита загадочната смрт на докторот, како и проблемите што ги мачат космонаутите во станицата. Тој го пронаоѓа и останатиот дел од екипата, кои се однесуваат чудно, а останува вчудоневиден кога во станицата ја сретнува и својата сопруга Кари, која е почината пред седум години. Веднаш станува видливо дека Соларис поседува нешто што ги носи потиснатите сеќавања и опсесии на космонаутите од вселенската станица. Келвин се прашува за неговата перцепција на релативноста.
СОЛАРИС е победник на филмскиот фестивал во Кан од 1972 година, а филмот имаше римејк во режија на Стивен Содерберг во 2002 година. -
ОГЛЕДАЛО (Miror / Зеркало, 1975)
14 јуни (понеделник), 20.00
Летно кино „Мирно лето“
излагање на проф. д-р Славица Србиновска
16 јуни (среда), 18.00
„Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 106’
На прашањето „Реализам на сонот, исто како во Огледало?“, од интервју во 1980-тата година за Носталгија кој во тоа време е во подготовка, Тарковски на новинарот ќе му одговори: Не постои „реализам“ од едната страна, а од другата (во контраст, контрадикција) „сонот“. Ние поминуваме третина од нашите животи спиејќи (што значи, сонувајќи): постои ли таму некаде нешто кое е пореално од сонот?
Човек на умирање во неговите четириесетти години, се сеќава на минатото. Неговото детство, неговата мајка, војната, личните доживувања и спомени. Дело со автобиографски елемени, кое нè води низ коридорите на времето на мистериозен и хипонитички начин, ОГЛЕДАЛО на Тарковски е филмска поема за амалгамот од соништа и сеќавања од којшто сме сочинети ние, луѓето, и за нашата човечка состојба, вкотвена во флуидната субјективност на времето. Со неконвенционална структура и нелинеарен наратив, кинематографија која ненаметливо преминува од боја, во црно-бело и сепија, поезијата на таткото на режисерот – Арсениј Тарковски, како и инцидентната музика и звучни ефекти на Едуард Артемиев во филмот, Тарковски прави мистична синестезија на „текот на свеста“, опиплива како никогаш порано на големиот екран.
ОГЛЕДАЛО чијашто магија, барем еднаш во животот, мора да се искуси на големото платно, се смета за еден од најдобрите филмови на сите времиња..<br -
СТАЛКЕР (Stalker / Сталкер, 1979)
15 јуни (вторник), 20:00 ч.
Летно кино „Мирно лето“
18 јуни (петок), 17.00 „Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 161’ излагање на м-р Стефан Палитов
Научнофантастичниот филм СТАЛКЕР е снимен според новелата „Пикник покрај патот“ на браќата Борис и Аркадиј Стругацки. Филмот ги следи тројцата мажи, Научникот (Николај Гринко), Писателот ( Анатолиј Солоницин) и Сталкер (Александар Кајдановски) и нивното патување низ мистериозната и заборавената територија во руската пустина наречена Зона. Во Зоната ништо не е така како што изгледа: таа е налик на вонземско место опкружено со војници и бодликава жица. И покрај убедувањата од жена му да не оди, Сталкер ги води луѓето во Зоната каде што тајните желби стануваат реалност, и покрај тоа што што ризикува казна затвор. Таа ноќ тој носи двајца во Зоната: популарниот писател, кој е циничен, но и се прашува за својата генијалност; и тивкиот научник, кој е позагрижен за својот ранец отколку за патувањето. Пристапот во Зоната мора да биде индиректен. Како се наближуваат поблиску до целта, правилата се чини дека се променети, а Сталкер се соочува со криза. -
НОСТАЛГИЈА (Nostalghia, 1983)
17 јуни (четврток), 20:00 ч.
Летно кино „Мирно лето“
19 јуни (сабота), 17:00 ч.
„Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU/IT), 125’
излагање на Владимир Љ. Ангелов
Андреј Горкачов, руски поет, патува во Тоскана, Италија, за да го истражи животот на еден руски композитор од 18-тиот век, Павел Сосновски. Но, уште на почетокот од ова патешествие, Андреј брзо чувствува немир и посакува да се врати во Русија.
Тарковски вели дека на руски зборот „носталгија“ значи „љубов кон татковината и меланхолија да се биде далеку од дома“. Овој копнеж по домот од каде што се доаѓа е отелотворен токму во Андреј (Олег Јанковски, ОГЛЕДАЛО). НОСТАЛГИЈА, поетска визија за егзилот, е првиот од филмовите на Тарковски коишто ги има снимено надвор од Русија, земјата во којашто никогаш повеќе нема да се врати. Во филмот тој користи долги, соновидни секвенци и минимална приказна, а за филмот напишан во соработка со Тонино Гуера (еден од честите соработници на Антониони), Хоберман ќе рече „НОСТАЛГИЈА не е толку филм, колку што е место во коешто може да се населите за два часа“.
За филмот Тарковски ја добива наградата Најдобар режисер на Канскиот филмски фестивал во 1983 година, којашто ја дели заедно со Робер Бресон. -
ЖРТВОПРИНЕСУВАЊЕ (Sacrifice / Offret, 1986)
19 јуни (сабота), 20.00
Летно кино „Мирно лето“
20 јуни (недела), 17:00 ч.
„Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (SE/UK/FR), 142’
излагање на доц. д-р отец Милан Ѓорѓевиќ
Aлександар, новинар, естетичар и пензиониран актер му кажува на „Малиот човек“, неговиот нем син, колку е загрижен за недостатокот од духовност кај современиот човек. Истата вечер, кога го слави својот роденден со семејството и пријателите, тие дознаваат дека на светот му се заканува нуклеарен холокауст – вест којашто ќе го претвори празничното расположение во атмосфера на страв и очај. На прагот на Трета светска војна, Александар бара начин да го врати мирот во светот, но открива дека мора и да понуди нешто за возврат...
ЖРТВОПРИНЕСУВАЊЕ e последното филмско остварување на Тарковски коешто го создава во периодот кога боледува од рак пред крајот на својот живот, а за коешто го добива своето второ Гранд При на Канскиот филмски фестивал по СОЛАРИС. Снимен во скандинавската идила (на шведскиот остров Готланд, близу островот на Бергман), тој рефлектира за распадот на цивилизацијата, како и за вечниот јаз помеѓу тоа какви се работите и тоа какви посакуваме да бидат. Маестралната кинематогафија во филмот е на Свен Никвист (Sven Nykvist), долгогодишниот соработник на Ингмар Бергман. За филмот TIME Magazine ќе рече: „[…] криптичниот стил на Тарковски помага да се создаде возвишена кетедрала“.