
Работилница „Естетика на филмскиот јазик“

Работилници за млади
-
Работилница „Естетика на филмскиот јазик“
Работилницатата за млади со д-р Атанас Чупоски во рамките на 12. ФФФ е наменета за младите заинтересирани за естетиката на филмскиот јазик на возраст од 17 до 19 години (до 12 учесници). Работилницата ќе се одвива во Кинотеката на С. Македонија. 7 мај (сабота) Средба со филмска приказна Естетика на филмска приказна 14 мај (сабота) Читање на филмска приказна -
Работилници за млади
СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе, проф. м-р Кирил Трајчев, селектор на Официјалната селекција на долгометражни филмови на ФФФ и професор на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе (6 април - „Смислата на животот и бесмисленоста на војната – обид за филозофско промислување“) ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје - Владимир Ѓуровиќ, професор по филозофија во „Јахја Кемал“ и координатор на Едукативната програма на ФФФ (26 април - „Воајеризам и симулиран идентитет - филозофско читање на Шоуто на Труман“) Американска гимназија НОВА – Скопје - вонр. проф. д-р Вангел Ноневски, Филозофски факултет, Скопје; научен истражувач во областа на естетиката и филозофијата на културата (29 април - „Технологијата и еволуцијата низ ракурсот на филмот After Yang“) СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес, д-р Бошко Караџов, професор по филозофија и научен истражувач во областа на графичката литература и интермедијалните жанрови (5 мај - „Филмските светови и суперхеројската етика“) Средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ – Скопје, м-р Мариглен Демири, професор по филозофија и истражувач во Центарот за европски стратегии „Еurothink“, Скопје (6 мај - „Филозофијата, филмот и стварноста“) СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ – Тетово, м-р Љатиф Мустафа, професор по филозофија (10 мај - „Социјалната филозофија во филмот Farmer’s Blue“)