Слика на животно, поетски документарен филм и Q&A со Перту Сакса (29/05)

СЛИКА НА ЖИВОТНО / ANIMAL IMAGE (Eläimen kuva, 2019)

Режисер: Перту Сакса / Perttu Saksa, Финска, 30′

29 мај (петок), 21.00

Zoom средба со режисерот Перту Сакса, модерирано од Стефан Палитов

филм: https://cinesquare.net/#/movie/1532/_animal_image

Zoom линк: https://zoom.us/j/97379191218?pwd=ajBoTXdSRjVaYTVYK0dqMXJUd2dxUT09 

 

Поетски документарен филм за бесконечната врска помеѓу човекот и животното. Филмот се фокусира на фотографот и писател Хeики Виламо (Heikki Willamo) и неговото патување низ пејзажот на пост леденото доба на северната дивина, низ едно креативно и имагинативно гледиште на човековата историска врска со неговиот плен во обидот да се дофати есенцијата на животното на слика.

Овој несекојдневен документарен филм за природата и за човековата врска со неа е креиран околу оригиналната музика на финските џез музичари Вернери Похјола (Verneri Pohjola) и Мика Калио (Mika Kallio). Музиката во филмот, базирана на импровизација, е како емотивен јазик меѓу човекот и животното, отстранувајќи ги бариерите на пишаниот јазик или фикцијата, правејќи го филмот едно вистинско мултисензорно искуство во кое сликата и звукот се во совршено единство.

 

 

Перту Сакса (Perttu Saksa) е фински современ уметник и фотограф. Дипломирал во областа на ликовната уметност на Финската академија за ликовни уметности и фотографија од Универзитетот за применета наука во Лахти и студирал уметност на Исландската академија на уметностите. Негови фотографии и видео дела се изложени во голем број галерии и музеи низ цела Европа, вклучувајќи ги и Stadtgalerie Kiel, Felleshus Berlin, Финскиот музеј на фотографијата, Градскиот музеј на уметноста во Хелсинки и Киасма – Музејот на современа уметност во Финска. Неговите дела, исто така, можат да се најдат и во разни јавни колекции. Перту Сакса живее и работи во Хелсинки, Финска.

 

 

 

www: https://rainafilms.com/our-films

Режисер: https://www.perttusaksa.com/silence-as-a-phrase

Animal Image jazz soundtrack (Verneri Pohjola & Mika Kallio): https://verneripohjolamusic.bandcamp.com/album/animal-image