Средношколска видео лектира

Стручен соработник: проф. д-р Ана Димишковска

Проекција на средношколска видео лектира „Човекот кој го застрела Либерти Валанс“ (The Man Who Shot Liberty Valance, 1964) на Џон Форд на 15-ти февруари 2018 год. во Кино Фросина, МКЦ

и Конкурс за најдобар средношколски филмософски есеј* на тема:

ЛИБЕРТИ ВАЛАНС: ПРАВОТО НА СИЛАТА ИЛИ СИЛАТА НА ПРАВОТО?

Учесници од осумнаесет (18) гимназии: СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ – Скопје, СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје, СУГС Гимназија „Георги Димитров“ – Скопје, СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје, СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Скопје, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје, СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија; СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес, Државно музичко училиште – Битола, СОУ „Кирил и Методиј“ – Неготино, СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе, СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш, СОУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид, СОУ „Богданци“ – Богданци, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово, СОУ Славчо Стојменски“ – Штип и СОУ „Наум Наумовски Борче“ – Пробиштип

Вклучени 22 професори од средните училишта, опфатени околу 400 ученици и пристигнати повеќе од 40 есеи на Конкурсот.

Состав на Комисијата за оценка на пристигнатите есеи на Конкурсот за најдобар средношколски филмософски есеј: вон. проф. д-р Дејан Донев, доц. д-р Јасмина Поповска и д-р Виктор Илиевски

Свечено доделување на наградите од Едукативната програма: 14-ти април 2018 (14.30 ч.) во Кинотеката на Македонија.

* Тројцата првонаградени ученици ќе добијат едногодишна стипендија од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА, финансиски награди, комплети филозофска литература и списанија од издавачката куќа          „Аз-Буки“ и Филозофското друштво на Македонија, како и комплет ДВД-а со македонски филмови од Кинотеката на Македонија. Победничкиот есеј ќе биде објавен во списанието Филозофска трибина.

Со поддршка на Македонско-американската алумни асоцијација 

Организиранa едукативнa турa во Кинотеката на Македонија и Филмскиот архив

на Македонија за учениците во посета на Скопје: