Фил(м)ософија за деца

“What if the World Was Transparent?

– a Simple Guide for Spreading Philosophical Wonder in the Classroom”

Стручен соработник: д-р Мартин Поповски

 

11.04 (среда) 13.00, Свечена сала на Филозофски факултет – Скопје

Вовед: Филозофијата за деца и искуството од нејзиното воведување во Данска

Дејвид М. Ларсон (David. M. Larsson), специјалист за филозофија за деца од Данска

Теоретско, воведно предавање во дисциплината филозофија за деца, нејзиното значење во светски рамки и споделувањена искуството од нејзиното воведување во Данска со специјалниот гостин во Едукативната програма на Фестивалот.

Предавањето и гостувањето на Дејвид М. Ларсон е реализирано со поддршка на Филозофскиот факултет во Скопје     

Специјален гостин во Едукативната програма:

Дејвид М. Ларсон (David M. Larsson) е филозофски советник и практичар кој живее и работи во Данска. Магистрирал филозофија и јапонски јазик во Центарот за истражувања на субјективитетот (Center for Subjectivity Research) на Универзитетот во Копенхаген, каде специјализирал во областа на феноменологијата, филозофијата на умот и филозофијата на Зен будизмот. Тој води филозофско советувалиште каде работи со групи и поединци. Исто така, држи и часови за деца во рамките на непрофитната организација Rum for Undren („Соба за мечтаење“) која го промовира Сократовиот метод и критичкото мислење во градинките и училиштата ширум Данска.

11.04 (среда), НВО Центар Скопје

Работилница за филозофија за деца

Работилница за филозофија за деца за наставници, студенти и млади истражувачи заинтересирани за развивањето на критичката рефлексија кај децата од најмала возраст со употребата на детска литература, игри и аудиовизуелни материјали или кратки анимирани филмови за деца.

Филозофијата за деца како дисциплина е широко промовирана во светски рамки од страна на УНЕСКО, а работилницата на која ќе имаат можност да учествуваат 20 учесници е првата работилница за филозофија за деца организирана кај нас.

 

12.04 (четврток) 08.30-14.00Меѓународно училиште НОВА (настан од затворен тип)

Практична демонстрација со деца (6-7 год.)

 

Четири часови со ученици од II и III одделение за демонстрација на методот.

Настанот е организиран во соработка со Меѓународното училиште НОВА    

 

 

 

13.04 (петок) 13.00, Џебно кино МКЦ (настан од затворен тип)

Фил(м)ософија за деца (8-9 години) со д-р Мартин Поповски

Средба со филозофијата преку филмот за најмладите, прва од ваков тип во Македонија. Модераторот д-р Мартин Поповски ќе аплицира дел од техниките во експериментален филм-философија час со деца од локално училиште, по заедничко гледање на краток анимиран филм кој ќе инспирира креативна и критичка рефлексија на некои од темите во филмот.

Со поддршка на Македонско-американската алумни асоцијација  

 

15.04 (недела) 16.00, Кинотека на Македонија (за деца и родители)  +10

Проекција на филмот БЕЗ ГРАНИЦИ (Borderless, 2014)

Проекција на иранскиот филм БЕЗ ГРАНИЦИ (Borderless / Bedone Marz, 2014) чии главни протагонисти се две деца кои се среќаваат на „ничија земја“, меѓу две безимени завојувани страни, и кои учат да живеат и да си помагаат заедно среде војната и хаосот кои владеат околу нивното малечко за’рѓано засолниште.