ПРИДРУЖНА ПРОГРАМА

_________________________________________________________________________________________________

1. Мастер час со Игор Иванов Изи 

     Интервју подготвено од Тијана Петковска, проекција на краткометражниот филм „Бубачки“ и Q&A сесија со публиката

     Кинотека на Македонија, 4. април 2015, 17:00.

                                                igor           562929_353132601409433_2115010421_n

Игор Иванов (р. 1973, Скопје, Македонија) има студирано филозофија и ја има започнато својата филмска кариера во 1993 година со режирање на серија телевизиски филмови. Помеѓу 1995 и 2004 има реализирано неколку документарни и краткометражни филмови, од кои 15-минутниот краткометражен филм „Бубачки“ од 2014 година кој влезе во официјалната селекција на 54-тото Берлинале и го освои Златниот Леопард на Фестивалот во Локарно. Изи има реализирано и два долгометражни филмови. „Превртено“ чија светска премиера беше на Karlovy Vary Film Festival во 2007 е првиот долгометражен филм на режисерот.  Филмот претставува адаптација на романот „Папокот на светот“ на современиот македонски писател Венко Андоновски и јасно го отсликува поетскиот квалитет на т.н. „Црн бран“ во Југословенскиот филм за време на 1960тите, кој одблизу ги истражуваше „другото лице“ на општеството и фаталните димензии на човековата егзистенција. Последниот негов филм е долгометражниот филм „Соба со пијано“ од 2013 година. Филмот за прв пат беше прикажан на 14. Меѓународен фестивал на филмската камера Милтон Манаки во Битола, во октомври 2014 филмот беше прикажан на 50. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Чикаго, а во ноември 2014 година е прикажан и на Филмскиот фестивал на источните соседи во Хаг. 

БУБАЧКИ

    краткометражен филм, Македонија 2004, 15 мин., колор, 35mm

Што станува со младиот човек кој живее целосно во сопствениот свет? Што станува од едно момче кое пораснува во затвор? Меланхолија и моќни слики носат спомени од минатото на момчето откривајќи ја неговата замисленост врз сегашноста. Поетска медитација на чувството кое го делат луѓето од Балканот: чувството да се биде лишен од имањето избори во животот. 

Краткометражниот филм „Бубачки“ е во продукција на Сектор Филм Скопје, продуцент е Владимир Анастасов, кинематограф Томи Салковски, монтажер Игор Андреевски, а музиката е на Зоран Спасовски. Главните улоги во филмот ги играат: Ѓорѓи Крстевски, Оливер Митковски, Лабина Митевска, Владимир Јачев и Јелена Богоевиќ.  

Извор: http://www.igorivanovizi.mk

_________________________________________________________________________________________________

2. Работилница за студенти „Времето како филозофска димензија на филмот“

     Стефан Палитов и Тијана Петковска

     Библиотека на Институтот за филозофија – Филозофски факултет Скопје, 1. април 2015 (среда), 12:00.

time

Опис на работилницата:

Реконципирањето на Филозофскиот Филмски Фестивал за неговото петто, јубилејно, издание вклучува во себе уште една новина која се надеваме ќе стане редовен дел од програмата на фестивалот. Се работи за едукативни работилници за студенти. Оваа година ќе се оддржи една работилница насловена „Времето како филозофска димензија на филмот”. Во час и половина, студентите ќе имаат можност да се запознаат со некои од основните концепти за филмска режија и монтажа, како услови кои овозможуваат да се создаде филмското време. Истовремено, ќе бидат разгледани и можностите да се проблематизираат некои од клучните филозофски прашања поврзани со времето преку и во филмот, користејќи го филмскиот јазик, што ќе биде остварено со гледање на кратки инсерти од филмови и нивна анализа.

* За учество во работилницата потребна е да се пријавите на нашата  и-меил адреса  најдоцна до 25. март 2015 (среда): filozofskifilmskifestival@gmail.com или по порака на нашата ФБ страна: https://www.facebook.com/filozofskifilmskifestival?ref=hl. Доволно е да ги напишете Вашето име и презиме, каде студирате и година на студии.

_________________________________________________________________________________________________

Leave a Comment