Кратки факти и статистики

 

  • 1800 посетители (1300 ГП + 300 ЕП + 200 ФФФ Караван) на 10 локации низ Македонија*

  • 20 настани ГП – Скопје + 5 настани ФФФ Караван: Штип, Свети Николе, Прилеп, Битола

  • 36 долгометражни и краткометражни филмови [14 долгометражни и 22 краткометражни филмови од 22 земји во светот] – 47 проекции во Македонија

  • 1о домашни и интернационални гости, 10 излагања на теми и 12 дискусии со публика + мастерклас со корежисер на филм номиниран за Оскар  Кристин Син (Christine Cynn) од Норвешка

  • 4 награди „Златен був“ и доделени сертификати на победничките филмови на ФФФ 2017: Софија“ (Zsofika) во режија на Maxime-Claude L’Écuyer од Канада (Најдобар краткометражен филм според жирито), Лимбо“ (Limbo) во режија на Konstantina Kotzamani од Грција (Специјално признание од жирито), Пролетна поплава“ (Spring Flood) во режија на Jeannice Adriaansens од Белгија (Најдобар краткометражен филм според публиката, „Сè за луѓето“ (All About People) на режисерот Giorgi Abashishvili од Грузија (Најдобар долгометражен филм според жирито и публиката).
  • 11 гимназии од цела Македонија вклучени во Едукативната програма, 72 пристигнати есеи на Конкурсот за средношколски филмософски есеј, доделени 3 награди [стипендии, финансиски награди, филозофска литература, списанија за филозофија и филм, ДВД-а со македонски филмови] + 7 дена Работилница за авторски филм со продуциран краток филм (7 min.) промовиран во рамките на Фестивалот → опфат: 300 млади луѓе од шест (6) градови во Република Македонија
  • Изработен темат „Филозофија и филм“ на филозофското списание Филозофска трибина (253 страни, тираж: 200), прва публикација од областа на филм-философијата во Македонија – промовирана пред публика од 50 граѓани во Скопје
  • Проширување на националната соработка и промоција на Фестивалот во светски рамки – присуство на Интернационалната конференција „Moving Image and Philosophyво Порто, Португалија
  • 11 видеа од предавањата и дебатите во Главната програма достапни на YouTube каналот на Фестивалот: Philosophical Film Festival за дисеминација на проектот.

 

*Кинотека на Македонија, Кино Фростина/МКЦ, Универзитет за аудиовизулени уметности ЕФТА, НВО центар Скопје, ГЕМ клуб, Филмска академија при УГД Штип, МСУ „Г.Р. Державин“ – Свети Николе, Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, Центар за култура (Мала сала) – Битола, Државно музичко училиште – Битола.