Жири на краткометражни филмови

Вангел Ноневски

Петар Волнаровски

Марија Џиџева
-
Вангел Ноневски
Вангел Ноневски (р. 1977, Белград) дипломирал, магистрирал и докторирал (тема од областа на естетиката на интерактивните уметности) на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. Неговата дебитантска теориска книга, Музички бриколаж, е издадена 2003 година во „Магор“. Три години (2008-2011) пишувал колумни за неколку македонски медиуми. Има преведено шест книги од англиски и една од хрватски јазик. Втората авторска книга/зборник, „Грамофонот како метаинструмент“, ја издаде 2014 година. Како преведувач-уредник бил ангажиран и на македонскиот веб портал „Окно“. Објавува статии, есеи и научни трудови од областите на современата естетика, културните и интердисциплинарните студии итн., во домашни и странски научни списанија. Работи како професор на Универзитетот „Евро-Балкан“ во Скопје и на Универзитетот „Американ колеџ“. -
Петар Волнаровски
Петар Волнаровски (р.1968, Битола). Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работи како раководител на Одделението за истражувачка, издавачка и јавна дејност во Кинотека на Македонија. Уредник е на списанието за историја, теорија и култура на филмот и други уметности „Кинопис“, главен и одговорен уредник е на списанието за култура и литература „Разгледи“, надворешен соработник на неколку печатени и електронски списанија за култура, литература и филм од Источна и Југоисточна Европа (Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија, Унгарија итн.). Објавува проза, книжевна и филмска есеистика, како и научно-теоретски текстови во книжевната и филмската периодика. Неговите дела се преведени на англиски, романски, словенечки, како и на сите балкански јазици. -
Марија Џиџева
Марија Џиџева (р. 1970, Гевгелија). Дипломирала книжевност (1994) и филмска и тв режија (2000) во Скопје. Автор е на документарни и кратки играни филмови, меѓу кои се и „Мис Амнезија“, „Списокот на Тони Манџа“, „Погледни го животот низ моите очи“, „Барајќи ја среќата“; дел е од играниот омнибус „Некои поинакви приказни“ и во моментот работи на својот дебитански игран филм „Жртва“.