Гости и жирија 2020

Милчо Манчевски (средба: 22/05, 21h30)

Перту Сакса (средба: 29/05, 21h00)

Шејди Сроу (OСЛО, „Златен був“ за Најдобар краток филм, 31/05)

Софи Линенбаум (РОЗЕВО ВЕТУВАЊЕ, Специјално признание „Стефан Сидовски - Сидо“, 31/05)

Стефан Палитов (жири краткометражни филмови)

Станислав Лигужињски (жири краткометражни филмови)

Стефан Видиков (жири краткометражни филмови)

Дејан Здравков (селектор краткометражни филмови)

Атанас Чупоски (вовед „Андреј Тарковски...“)

Бошко Караџов (вовед „Еден драматичен филм“)

Кирил Трајчев (вовед „Марсел Дишан...“)

Ема Попивода (онлајн концерт: 31/05, 20.00)

Панелисти (Вебинар)
-
Милчо Манчевски (средба: 22/05, 21h30)
Милчо Манчевски e режисер и сценарист на играните филмови ВРБА (2019), БИКИНИ МУН (2017), МАЈКИ (2010), СЕНКИ (2007), ПРАШИНА (2001), ПРЕД ДОЖДОТ (1994) и над 50 кратки форми, вклучувајќи ги и наградените КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО (2017), ЧЕТВРТОК (2013), 1,73 (1984) и музичкото видео Tennessee (1991) за Arrested Development (коешто Ролинг Стоун го смести на листата на 100 најдобри видеа досега). Тој исто така бил режисер на The Wire на HBO (2002). Досега одржал три самостојни изложби на фотографии, објавил прозни дела, книги со фотографии и извел повеќе уметнички перформанси.
ПРЕД ДОЖДОТ освои номинација за Оскар и триесет награди, меѓу кои и Златен лав за најдобар филм во Венеција. Њујорк Тајмс го вклучи филмот на својата листа на најдобрите 1.000 филмови досега снимени. Неговите филмови се дел од наставните курикулуми на бројни универзитети ширум светот, и биле предмет на истражување на неколку конференции.
Предавал и бил Раководител на студиите по режија на програмата за постдипломски филмови на Факултетот за уметности „Тиш“ во Њујорк; предавал и на голем број универзитети, во кинотеки, музеи и институции ширум светот и има почесен докторат на ВГИК во Москва, Русија. Делата на Манчевски се прикажани на повеќе од 300 фестивали, а дистрибуирани во повеќе од 50 земји. Манчевски досега бил дел од фестивалските жирија во Венеција, Шангај, Варшава, Локарно, Техеран, Вилнус, Пула, ФЕСТ (Белград) итн.
По ревијалните прикажувања на ПРАШИНА (ФФФ 2017) и КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО (ФФФ 2018), Манчевски беше член на жирито на Филозофски Филмски Фестивал во 2019 година. -
Перту Сакса (средба: 29/05, 21h00)
Перту Сакса (Perttu Saksa) е фински современ уметник и фотограф. Дипломирал во областа на ликовната уметност на Финската академија за ликовни уметности и фотографија од Универзитетот за применета наука во Лахти и студирал уметност на Исландската академија на уметностите. Негови фотографии и видео дела се изложени во голем број галерии и музеи низ цела Европа, вклучувајќи ги и Stadtgalerie Kiel, Felleshus Berlin, Финскиот музеј на фотографијата, Градскиот музеј на уметноста во Хелсинки и Киасма – Музејот на современа уметност во Финска. Неговите дела, исто така, можат да се најдат и во разни јавни колекции. Перту Сакса живее и работи во Хелсинки, Финска. -
Шејди Сроу (OСЛО, „Златен був“ за Најдобар краток филм, 31/05)
Шејди Сроу (Shady Srour) е актер, сценарист, режисер и продуцент за Филм, Театар и ТВ, како и предавач на Open University.
Тој ги завршува додипломските на Универзитетот во Тел Авив за Театарска актерска игра и магистерски за режија на Academy of Art University во Сан Франциско. Шејди беше вклучен во филмот 24 часа Ерусалим (arte) кој ја освои Германската ТВ награда за Најдобар документарен филм во 2014. Сроу е и протагонист во Аве Марија (Ave Maria, 2015), краток филм од Тунис кој беше номиниран за Оскар и беше во селекцијата во Кан. Holy Air (2017) е неговиот прв игран филм како режисер кој премиерно беше прикажан на Филмскиот фестивал во Трибека. -
Софи Линенбаум (РОЗЕВО ВЕТУВАЊЕ, Специјално признание „Стефан Сидовски - Сидо“, 31/05)
Софи Линенбаум (Sophie Linnenbaum) е родена во Нирнберг и ги завршува своите студии во областа на психологија.та Нејзините кратки филмови се прикажувани на национални и интернационални фестивали, како наградуваниот [OUT OF FRA]ME (2016) или DUOLOGUE (2016) кој беше премиерно прикажан на Берлинскиот филмски фестивал а потоа беше и на Канскиот филмски фестивал во 2017. Нејзиниот краток филм PIX беше награден со Германската награда за краткометражен филм 2017. Линенбаум студира режија на Универзитетот во Бабелсберг (Film University Babelsberg). -
Стефан Палитов (жири краткометражни филмови)
Стефан Палитов е режисер, мултимедијален уметник и истражувач кој се фокусира на раскажување приказни, проширени реалности и уметност & технологија. Неговото академско образование вклучува додипломски студии по Филозофија на универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје и студии по режија на ФАМУ во Прага, Чешка. Mагистерските студии ги завршува во рамките на Еразмус Мундус програмата Media Arts Cultures.
Покрај создавањето играни и документарни филмови, Палитов има учествувано на изложби на ВР (виртуелна реалност) и мултимедијални уметнички дела. Дел од позначајните изложби се Ars Electronica и изложби во Копенхаген, Хонг Конг, Нанџинг, Чангша… Како дел од artist-in-residence престоите во Кина (поддржано од УНЕСКО) и во ZKM | Центар за уметности и мултимедија, Карлсруе (Германија), Палитов ја има истражувано историјата и дизајнот на 360-степени, ВР и интерактивните уметнички дела. -
Станислав Лигужињски (жири краткометражни филмови)
Станислав Лигужињски (Stanisław Liguziński) е докторанд на Институтот за аудиовизуелни уметности на Јагелонскиот универзитет во Краков, видео есеист, едукатор, филмски куратор и куратор на проширени реалности (XR) и филмски критичар. Завршувајќи студии на академски програми од областа на филмот, медиумите и критичката теорија, но, исто така, и како алумнист на Холандската филмска академија (Nederlandse Film Academy), тој ги комбинира двете области на експертиза за да развие истражувања базирани на практики во и преку филмот.
Лигужињски има пишувано за некои од најголемите полски медиуми, има курирано програми, проекции и XR искуства за меѓународни филмски фестивали и културни институции. Тој, исто така, спроведува истражувања за видеографските форми на мислење. Покрај развојниот проект на FilmArcades (работилници, VR, графички новели, дисертација), тој во моментов соработува со Essay LAB на Националнata филмскa школа во Лоѓ. -
Стефан Видиков (жири краткометражни филмови)
Стефан Видиков е роден 1994 година во Кавадарци, Македонија. Завршил основно и средно школо во родниот град. Во 2018 завршил додипломски студии на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при УКИМ, Скопје. Истата година започнал постдипломски студии (студии на политики) на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје. Од 2019 е вработен како наставник по етика во „ОУ Невена Георгиева Дуња“ и „ОУ Кирил Пејчиновиќ“ во Скопје, а истовремено работи и како асистент на режисерот Милчо Манчевски. -
Дејан Здравков (селектор краткометражни филмови)
Дејан Здравков, роден во Велес, дипломира и магистрира на Институтот за филозофија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што и докторира филозофски науки во 2015 год. одбранувајќи ја дисертацијата под наслов: „Егзистенција и интуиција – Бергсоновото и Хајдегеровото поимање на човекот и времето“ под менторство на проф. д-р Ферид Мухиќ (во 2019 објавена како книга во издание на „Аз-Буки“). Се занимава со истражувања во областа на филозофската антропологија и естетиката. Во слободно време се занимава со сликарство. -
Атанас Чупоски (вовед „Андреј Тарковски...“)
Атанас Чупоски е писател и режисер, доктор на филолошки науки. Вработен е како филмолог советник во Кинотека на Северна Македонија, сценарист и режисер е на седум документарни и еден краткометражен игран филм. Автор е на дваесетина ТВ-емисии во продукција на МРТ и стотина радиоемисии во продукција на Канал 103 и Радио Равел. Автор е на четири книги и над стотина книжевни и филмолошки студии, есеи, песни, раскази и публицистички текстови. Професор е по Историја на филм, Теорија на филм и Литература, филм и политика на два македонски приватни универзитети. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија и на Центарот за култура и културолошки студии. -
Бошко Караџов (вовед „Еден драматичен филм“)
Бошко Караџов е професор по филозофија и научен истражувач. Магистрирал и докторирал на Институтот за филозофија при УКИМ во областа на современата епистемологија и социологијата на познанието. Повеќе од десетина години работи како универзитетски асистент, доцент и професор по Филозофија, Политичка филозофија и Методологија и епистемологија на научните истражувања, но и како едукатор за филозофија на уметноста и стрип-културата во повеќе интернационални младински образовни програми и школи. Караџов е автор на голем број научни студии и авторизирани предавања; тој е научен соработник/истражувач во областа на графичката литература и интермедијалните жанрови на Одделението за лингвистика и литературна наука при Македонската академија на науките и уметностите. -
Кирил Трајчев (вовед „Марсел Дишан...“)
Кирил Трајчев е професор на Меѓународниот славјански универзитет „Г.Р. Державин“. Неколку години предавал и на Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Учесник е на повеќе алтернативни и непрофесионални филмски и театарски фестивали. Учествувал и во реализацијата на кратки филмови и театарски проекти. Има објавувано текстови во повеќе списанија и зборници. Земал учество и на повеќе научни собири и конференции. Од 2017 г. е во функција на Селектор на долгометражни филмови на Филозофскиот Филмски Фестивал. Трајчев е и еден од организаторите на ФФФ Караванот во Источна Македонија и реализатор на работилници за филозофија и филм. -
Ема Попивода (онлајн концерт: 31/05, 20.00)
ЕМА ПОПИВОДА е пијанистка со богата интернационална кариера и амбасадор на македонската култура во светот. За време на своите студии, таа има привилегија да учи со реномирани пијано педагози, меѓу кои: Стела Слејанска, Акилес дел Вињ, Вилијам Хауард, Борис Романов, Арбо Валдма, Рита Кинка.
Концертната кариера на Ема Попивода е богата и разновидна. Нејзиниот репертоар вклучува изведби на дела од класичниот репертоар, но и дела од современи автори, македонски композитори и нови иновативни музички стилови во кои и самата се јавува како креатор и изведувач. Попивода е основач и уметничи селектор на Фестивалот за современа музика Модоарс, во чии рамки настапувале врвни уметници домашната сцена и светот. Исто така, таа е и професор по пијано на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
ACOUSTIC ELECTRONICS е оригинален музички перформанс во кој најпознатите електронски хитови се обработени и се изведуваат на пијано, а во некои верзии и со придружба на контрабас и тапан. На репертоарот се авторски композиции на теми од електронските хитови кои се обработени во „класичен стил“ и се изведуваат на акустични инструменти. Електронските песни од различен временски период се подредени во еден вид историјат на електронската музиказапочнувајќи од Kraftwerk, New Order, Bronski beat, Frankie Knuckles, Orbital, па сé до David Morales, Moby, Future sound of London, DЈ Rolando, Fatima Yamaha…Концертот „Акустик електроникс“ премиерно беше изведен во Скопје, а понатаму со голем успех доживеа промоција во Австрија, САД, Хрватска и Црна Гора. -
Панелисти (Вебинар)
· Анита Стојческа (Агенција за филм)
· Игор Иванов (режисер, ДФРМ / Манаки)
· Бистра Георгиева (МЕДИА Деск МК)
· Владимир Љ. Ангелов (Кинотека)
· Русе Арсов (МКЦ / Cinedays)
· Саша Станишиќ (Катавеј / Cinesquare)
· Стефан Палитов (режисер)
· Атанас Георгиев (режисер / продуцент)
· Татјана Јаневска (Скопски Филмски Фестивал) и
· Дарко Набаков (МакеДокс)