ФФФ Караван: Прилеп

По две успешни проекции на ФФФ Караванот во источниот дел на Македонија – Штип со победничките филмови на Фестивалот и Свети Николе со „Граѓанинот Кејн“, следната недела ФФФ Караванот се упати кон Прилеп и Битола каде беа организирани две филмски проекции проследени со дискусија со публиката и работилница за средношколци во Битола.

Во вторник (25 април) се одржа средба со прилепската публика во Градската библиотека „Борка Талески“ во коорганизација со македонскиот филозофски портал „Акиндин“. Во Прилеп гостинка беше проф. д-р Јасна Котескa која по проекцијата на „Бранот (Die Welle)“ на Денис Генсел отвори дискусија со публиката на тема „Бранот: Човечката психологија и авторитарноста“. Местото и времето на случување беа: Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, 19.00 часот. Фотографиите од ФФФ Караванот во Прилеп се наоѓаат тука.

Влезот за проекциите во ФФФ Караванот е бесплатен, а поканети се сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на проекциите.