ФФФ Караван
Проекција на филм проследен со дискусија од областа на филм-философијата во присуство на еден од гостите од Главната програма во Скопје со цел децентрализација на културата од главниот град и пренесување на дел од атмосферата на Фестивалот низ неколку градови на Република Македонија во соработка со локалните партнери и ко-организатори на Караванот.
Штип – 24.04
Проекција на победничките филмови на 8. Филозофски Филмски Фестивал за студентите од Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип
Во соработка со Филмската академија при УГД Штип
Свети Николе – 26.04
ОГРАДА ПРОТИВ ЗАЈАЦИ (Rabbit-Proof Fence, 2002)
реж. Филип Нојс / Philippe Noyce (AU), 93’
Излагање на тема Светот – карантин за лепрозните – акад. Ферид Мухиќ
Во соработка со Меѓународниот славјански универзитет „Г.Р. Державин“
Прилеп – 02.04
БРАЌА (Brothers / Brødre, 2015), реж. Осло Холм / Aslaug Holm (NO), 110’
Излагање на тема Филозофија на детството или кон онтолошкиот јазик
на детската игра – д-р Бошко Караџов
Во соработка со филозофскиот портал „Акиндин“
Битола – 03.04
СМРТ ВО ВЕНЕЦИЈА (Death in Venice / Morte a Venezia, 1971)
реж. Лукино Висконти / Luchino Visconti (IT/FR), 130’
Излагање на тема ‘Смрт во Венеција’ – од Ман до Висконти
– проф. д-р Александар Прокопиев
Во соработка со Дебатниот клуб „Контра Кадар“ – Битола
Охрид – 04.04
Проекција на победничките филмови на 8. Филозофски Филмски Фестивал
за студентите од Институтот за филм – Филмска академија Охрид
Во соработка со Институтот за филм – Филмска академија Охрид