Работилници за млади
Работилниците за млади се работилници наменети за студенти и млади од Македонија заинтересирани за синергијата на филозофијата и филмот. Во рамките на 7. Филозофски Филмски Фестивал во Скопје беше оддржана Работилница за авторски филм со режисерката Ана Опачиќ, предавање во соработка со Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА, а беа оддржани и две едукативни работилници за средношколци низ Македонија.
Работилницатата за авторски филм „Од идеја до премиера“ со режисерката Ана Опачиќ од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА се одржа во пет денови, една недела пред Главната програма на Фестивалот (30.03 – 07.04.2017). Сите заинтересирани млади можеа да се пријават за учество на работилницата електронски до 17-ти март. Повеќе информации за работилницата може да се најдат на постерот од левата страна.
На свеченото затворање на Фестивалот беше прикажана премиерата на краткиот филм „Распарчен изглед“ („Shattered Visage“), во режија на Марио Петковски, кој беше изработен на работилницата. По премиерата на краткиот филм, менторката им додели сертификати на учесниците на Работилницата кои беа наградени со огромен аплауз од публиката и му се заблагодари на целиот тим којшто покажа дека со напор и желба дури и за кратко време може да се направи еден добар филм. Филмот беше прикажан и на 19-ти април (среда) на Филмската акдемија при УГД Штип во рамките на ФФФ Караванот. Фотографии: тука.
Во рамките на Едукативната програма на Фестивалот, на 22 март 2017 во Скопје беше оддржано и предавање „Естетското во филмот“ на д-р Мимоза Рајл. Предавањето беше оддржано во соработка со Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА, соработник на Фестивалот. Фотографии: тука.
Во рамките на ФФФ Караванот 2017 беа оддржани и две работилници „Вовед во филм – како настанува филмската слика?“ со режисерката Ана Опачиќ. Во Свети Николе се одржа работилница за учениците од СОУ Гимназија „Кочо Рацин“. Работилницата беше оддржана во просториите на МСУ „Державин“. Во Битола, работилницата се одржа во Државното музичко училиште – Битола каде средношколците покажаа огромен интерес и ентузијазам за филозофијата и филмот. Фотографии: тука и тука.



