Гости

Ферид Мухиќ

Џан Мариа Торе

Роланд Враник

Теди Некула

Хана Павек

Нил Кенеди

Бошко Караџов

Дрен Жерка

Амирхосеин Асгари

Александар Прокопиев

Дејви М. Ларсон
-
Ферид Мухиќ
Акад. ФЕРИД МУХИЌ е филозоф, поет, планинар. Предавал филозофија (Нововековна филозофија, Современи филозофски правци, Филозофска антропологија, Филозофија на религија, Филозофија на политика) на Институтот за филозофија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Сега е емeритус професор на IBU и пратеник во Собранието на Република Македонија. Како визитинг професор по Современа западна мисла држел предавања на повеќе универзитети во Европа, САД, Малезија и Сингапур. Покрај големиот опус авторски книги од областа на филозофијата, пишува и поезија и проза, со кои е застапен во филозофски и книжевни антологии во повеќе земји, а преведуван е на десеттина јазици. -
Џан Мариа Торе
Д-р ЏАН МАРИА ТОРЕ (Gian Maria Tore) е вонреден професор на Универзитетот во Луксембург (University of Luxembourg). Студирал медиуми и семиотика во Италија и Франција, а негови домени на специјализација се семиотика на филмот и медиумите, теорија и анализа на филм и естетика на филмската уметност. Од 2010 год. во Кинотеката на Луксембург редовно организира предавања и проекции наменети за пошироката публика (Université populaire du cinéma). Во моментов подготвува три нови книги од областа на филмот, литературата, стрипот, видео игрите и медиумите. -
Роланд Враник
РОЛАНД ВРАНИК (Roland Vranik) по завршувањето на студиите работи на повеќе краткометражни и долгометражни домашни и интернационални филмови како продукциски менаџер и асистент на режија, а бил и член на Positive Production Workshop. Во 2000 год. добива грант од Балаш Бела Студио со кој го напишал и режирал експерименталниот краткометражен филм Доминатор 2000 (Dominator 2000, 2001). Истата година тој е асистент на режија на Бела Тар за „Хармониите на Веркмајстер“ (Werckmesiter Harmonies, 2000). Неговиот прв долгометражен филм „Црна четка“ (Black Brush / Fekete kefe, 2015) е добитник на повеќе филмски награди, а „Трансмисија“ (Transmission / Adás, 2009) се има прикажувано на повеќе од 20 реномирани филмски фестивали. -
Теди Некула
ТЕДИ НЕКУЛА (Tedy Necula) е романски режисер кој режира и продуцира инспирациски филмови. Има создадено повеќе од 40 филмски и документарни проекти што таргетираат социјални проблеми во Европа. Некула тогаш има прилика да биде во контакт со луѓе од ранливи групи како деца без родители, лица со попреченост, LGBT заедницата, жени затвореници, лица болни од СИДА и заедници под ризик. Неговата лична филозофија и искуство го прави да ја бара инспирацијата во наративот на секоја приказна, дури и на оние места каде другите би нашле само драма. -
Хана Павек
ХАНА ПАВЕК (Hannah Paveck) е докторанд на Катедрата за филмски студии на Кингс колеџ во Лондон (King’s College London). Нејзините докторски истражувања се фокусираат на етиката, политиката и естетиката на тишината и слушањето во современата артхаус кинематографија. Мотивирана од делото на францускиот филозоф Жан-Лук Нанси, таа ги истражува стратегиите на тишината во филмовите на Клер Дени, Елиа Сулејман и Абас Киаростами. Има магистрирано на Културолошки студии на Универзитетот во Лидс, а дипломирано на Катедрата за англистика на Универзитетот МекГил. Со интерес за континенталната, феминистичката философија и филм-философијата, Павек е автор и во феминистичкото списание за филм „Another Gaze“. -
Нил Кенеди
НИЛ КЕНЕДИ (Niall Kennedy) е доктор на науки од Велика Британија. Докторските студии ги завршува во Центарот за истражувања на модерната европска филозофија на Универзитетот Кингстон во Лондон (Centre for Research on Modern European Philosophy, Kingston University) со докторска теза на тема „Делез и авторот“. Претходно има студирано и на Универзитетите во Глазгов и Оксфорд. Негови области на специјалност се француската филозофија, со особен интерес за филозофијата на уметноста и, поконкретно литературата и филмот. -
Бошко Караџов
БОШКО КАРАЏОВ е д-р на филозофски науки и научен истражувач во областа на современата филозофија и поп-културата. Работи како универзитетски доцент по Методологија, професор по филозофија и едукатор во интернационални образовни програми за филозофија на уметноста и поп-културата. Автор е на голем број научни студии и авторизирани предавања за естетиката на дигиталниот стрип, стрипот и политичката идеологија, историјата на графичката литература, современата флозофија и дигиталното образование. Д-р Бошко Караџов е ко-автор и реализатор на интернационална едукативна програма Art for Advocacy: comics as a tool for advocacy and education во организација на International Debate Education Association – Southeast Europe. -
Дрен Жерка
ДРЕН ЖЕРКА (Dren Zherka) своите први искуства со филмот ги има во родното Косово, рабoтејќи во продукциски компании, продуцирајќи краткометражни филмови, музички спотови и документарни филмови. Во 2003 год. се сели во Њујорк каде работи на неколку филмски проекти, а од 2007 год. живее во Берлин – град кој денес го нарекува свој дом. Покрај студиите по Европска етнологија на Универзитетот Хумболт, студирал филмска режија на приватната филмска школа Filmarche во Берлин. ЕХО е негов дебитантски филм од 2016 год., а Жерка е сценарист, режисер и продуцент на филмот. Покрај ЕХО, тој има снимено и неколку кратки филмови, меѓу кои и „Ѕидот“ (Muri/The Wall, 2009), адаптација на кусиот расказ „Ѕидот“ на Жан-Пол Сартр. -
Амирхосеин Асгари
АМИРХОСЕИН АСГАРИ е роден во 1978 г. во Техеран. Ја започнува својата кариера во театарот, а по завршувањето на студиите на Факултетот за драмски уметности во Техеран, се ориентира кон светот на телевизијата и филмот. Бил асистент на повеќе од 50 филмови и серии, пат кој го води кон снимањето на својот прв краток експериментален филм „Дремка“ (Catnap/Chort e Kotah, 2008). Филмот „Можеби некогаш друг пат“ (Maybe another time, 2012) е неговиот втор краток филм со кој доживува успех на домашни и на интернационални филмски фестивали. БЕЗ ГРАНИЦИ е долгометражниот филмски првенец на Асгари со кој се здоби со повеќе интернационални признанија. -
Александар Прокопиев
АЛЕКСАНДАР ПРОКОПИЕВ е македонски новелист и есеист. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот Факултет во Белград, на групата за компаративна книжевност и теорија на литературата. Има објавено околу петнаесет дела, коишто се преведени на англиски, турски, италијански, полски, француски, како и на сите балкански јазици. Вклучен е во регионалните и Европските антологии на кратки раскази. Работи како редовен професор на постдипломски Културолошки студии при УКИМ во Скопје. Прокопиев е долгогодишен уметнички директор на меѓународната манифестација „Pro-За Балкан“, а член е и на Балканската академија на уметностите. По неколку негови сценарија се снимени и филмови. -
Дејви М. Ларсон
ДЕЈВИД Д. ЛАРСОН (David M. Larsson) е филозофски советник и практичар кој живее и работи во Данска. Магистрирал филозофија и јапонски јазик во Центарот за истражувања на субјективитетот (Center for Subjectivity Research) на Универзитетот во Копенхаген, каде специјализирал во областа на феноменологијата, филозофијата на умот и филозофијата на Зен будизмот. Тој води филозофско советувалиште каде работи со групи и поединци. Исто така, држи и часови за деца во рамките на непрофитната организација Rum for Undren („Соба за мечтаење“) која го промовира Сократовиот метод и критичкото мислење во градинките и училиштата ширум Данска.