Патувањето на принцот – Работилница за Фил(м)ософија за деца

Фил(м)ософија за деца
ПАТУВАЊЕТО НА ПРИНЦОТ – РАБОТИЛНИЦА ЗА ФИЛ(М)ОСОФИЈА ЗА ДЕЦА
Програмата фил(м)ософија за деца во Едукативниот сегмент оваа година е организирана во соработка со дистрибутерската куќа Узенгија, VoD платфомата Cinesquare, Францускиот институт и онлајн платформата за учење на деца и млади „Училница“

   

 

29 мај (сабота)
19:00 Zoom платформа, 45 мин. (max. 10 учесници)
18:00 Zoom платформа, 45 мин. (max. 10 учесници)
* (дополнителна група, доколку се пријават доволен број учесници, max. 10 учесници)

Услов за учество на работилницата е претходно гледање на анимираниот филм „ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ“, достапен онлајн од 22-ри до 29-ти мај во рамките на Филозофскиот филмски фестивал (ќе ви биде испратен линк). Работилницата е наменета за деца (возрасна категорија: 10-12 години).

Работилницата има за цел, низ филозофска промисла инспирирана од филмската уметност, да ги негува и развива детската вчудовиденост, љубопитноста, критичкото и творечко мислење и имагинацијата, врз база на принципот „не постои погрешен одговор“, без притоа детето да биде наведувано или да му бидат наметнувани гледишта и ставови кои самото низ својот критички апарат ги нема промислено. Овие цели се на линија со препораките на УНЕСКО која во светски рамки ја промовира филозофијата со деца како основа за интеркултурен дијалог и општествена трансформација.

Работилницата „Фил(м)ософија со деца“ ќе ја раководи д-р Мартин Поповски кој е доктор на науки од областа на филозофијата на науката, магистер од областа на методиката на наставата по филозофија и реализатор на часови по филозофија со деца во „Училница“ (платформа за едукација на деца и млади). Тој е пионер во областа на филозофијата со деца во Македонија промовирајќи, разработувајќи и реализирајќи ја оваа идеја од 2013 година наваму.

Пријавување

22 – 29 мај

Oнлајн проекција за деца и родители (8+)
ПАТEШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ (Le voyage du prince / The Prince’s Voyage, 2019), 77 мин., колор,
Анимиран филм за деца, Франција / Луксембург
Режија: Жан-Франсоа Лагиони, Ксавиер Пикар (Jean-François Laguionie, Xavier Picard)
Cinesquare платформа (max. 100 прегледи)

Лорен, стариот принц на мајмуните, се буди на непознат брег на земјата Ниокус, на кој се насукал по бродска несреќа. Него го наоѓа дванаесетгодишниот Том, а неговите родители ќе му пружат засолниште. Родителите на Том се научници во егзил: биле протерани од нивната поранешна заедница бидејќи верувале дека постојат и други мајмунски цивилизации. Принцот прво ќе биде подложен на научни испитувања, а потоа во придружба на Том, ќе шета низ главниот град и блиската џунгла, каде што открива непознат и волшебен свет. Но, Принцот ќе ги запознае и ригидните правила кои важат во тој необичен свет за него…

ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ е ново долгометражно остварување на водечките француски аниматори Жан-Франсоа Лагиони и Ксавиер Пикар, кои користат ликови од фантазијата за да раскажат приказна за предизвиците на светот во кој живееме. ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ беше конкурент за награда на Европскиот фестивал на фантастичниот филм во Старзбур, Франција (Strasbourg European Fantastic Film Festival) и на други фестивали на анимирани филмови и претставува филозофска приказна за целото семејство по којашто ќе следува Работилница „фил(м)ософија за деца“ во рамките на ФФФ.